Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
спорт

Претставен новиот селектор на фудбалската репрезентација на Албанија, Роландо Маран

- Фудбалската федерација на Албанија (ФШФ) денес го претстави новиот селектор на црвено-црните, кој според договорот ќе остане до 2028 година
Fatjon Cuka
19 Мај 2026•Ажурирај: 19 Мај 2026
Content media
ТИРАНА

Италијанецот Роландо Маран ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Албанија, заменувајќи го досегашниот селектор Силвињо, јавува Анадолу.

Фудбалската федерација на Албанија (ФШФ) денес го претстави новиот селектор на црвено-црните, кој според договорот ќе остане до 2028 година.

На прес-конференцијата за претставување, претседателот на ФШФ, Арманд Дука, изјави дека Маран е тренер со големо искуство.

„Репрезентацијата веќе го постави нивото таму каде што навистина сакаме. Целосно сум убеден дека го направивме вистинскиот избор. Го избравме вистинскиот профил за репрезентацијата во вистинскиот момент и во вистинско време“, рече Дука.

Тој нагласи дека во фудбалот може да се смета за нормално да заврши еден циклус и да започне нов циклус, според него, со целосно разбирање.

Селекторот Маран изјави дека внимателно ја следел фудбалската репрезентација на Албанија.

„За мене ова е морална обврска што ја преземам. Да го пренесеме на теренот тоа што го претставувате вие, сите навивачи и целиот народ“, истакна Маран.

​​​​​​​Маран претходно бил тренер на неколку екипи во Италија, како Џенова, Каљари, Кјево, Катанија, Бари и Варезе.

Бразилецот Силвио Мендес Кампос Жуниор, познат како Силвињо, беше селектор на фудбалската репрезентација на Албанија од јануари 2023 година.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Претходно
Меѓународните училишта „Маариф“ во Северна Македонија ги организираа Традиционалните спортски игри на Европа и Балканот

Меѓународните училишта „Маариф“ во Северна Македонија ги организираа Традиционалните спортски игри на Европа и Балканот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САД и Иран разменија повеќе предлози со цел да се избегне натамошен конфликт

Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионалните возачи од Северна Македонија

Претставен новиот селектор на фудбалската репрезентација на Албанија, Роландо Маран

Градоначалникот на Сан Диего критикуван по пукањето во џамијата, обвинет за омраза кон муслиманите

Израелскиот премиер се појави пред суд по 88. пат во процесот против него за корупција

Северна Македонија ќе биде домаќин на самитот „Брдо-Бриони“ во октомври

Гувернерот на Калифорнија порача дека нема да „толерира терористички акти“ по смртоносниот напад во џамија во Сан Диего

Погледни сè