Doga Kirmizioglu
06 Јули 2019•Ажурирај: 08 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Клубот од шпанската прва фудбалска лига (Ла Лига), Атлетико Мадрид, уште една година во своите редови го задржа шпанскиот фудбалер Алваро Мората, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, Мората (26) уште една сезона ќе остане во шпанскиот клуб каде што моментално игра под заем, додека од наредната сезона целосно ќе го напушти Челзи.
Во минатата полусезона тој од Челзи дојде во Атлетико Мадрид под заем.
Во Ла Лига одигра 15 натпревари и постигна 6 погодоци.
Мората во дресот на шпанската репрезентација одигра 31 натпревар, а постигна 16 погодоци.
Тој во дресот на Челзи каде што премина во 2017 година, одигра 72 натпревари и постигна 24 погодоци.