Hüseyin Burak Demirer
18 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
АНКАРА
Британската компанија „Инеос“ купи една третина од акциите на тимот на Мерцедес во Формула 1 кој во категоријата на пилоти и тимови е освојувач на шампионската титула последните седум години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британецот Џим Ретклиф, сопственикот на компанијата „Инеос“, која дејствува во полето на хемиската индустрија, откако на почетокот на сезоната 2020 потпиша договор за спонзорство со тимот на Мерцедес, меѓусебната соработка ја понесе на едно повисоко ниво.
Тимот на Мерцедес Ф1 на својата интернет-страница објави дека акциите се поделени на три еднакви дела меѓу групациите „Даимлер“ (Daimler), Тото Вулф и компанијата „Инеос“ (Ineos).
Во соопштението, покрај тоа, се наведува дека Тото Вулф, директорот на тимот и менаџерите на високи функции, уште три години ќе продолжат да ја извршуваат својата функција.