Bedrudin Brljavac
11 Јуни 2024•Ажурирај: 12 Јуни 2024
АНКАРА (АА)
Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2024), кое првпат се одржа во 1960 година и се организира на секои четири години, оваа година се одржува во Германија, во период од 14 јуни до 14 јули, известува Анадолу.
Европското првенство ЕВРО 2024 ќе биде отворено со натпреварот меѓу селекциите на Германија и на Шкотска, кој ќе се одигра на стадионот во Минхен, на 14 јуни, со почеток во 21 часот.
Во групата Д на 17. издание на Европското првенство во фудбал (ЕВРО 2024) силите ќе ги одмерат селекциите на Франција, Холандија, Австрија и Полска.

- Франција
Репрезентацијата на Франција важи за еден од фаворитите на овој турнир и извесно е дека ќе се обиде да ја освои својата трета европска шампионска титула. Франција досега 10 пати учествувала на завршните турнири на ЕП. Селекцијата на Франција беше европски шампион во 1984 и 2000 година, а има и едно второ место.
- Холандија
Селекцијата на Холандија ќе се обиде да дојде до својата втора титула на европските првенства. Единственото злато на европските првенства Холандија го освои во 1988 година. Таа никогаш не успеа да ја освои титулата светски шампион и покрај тоа што трипати играше во финалето на светските првенства.
Репрезентацијата на Холандија досега настапи на десет европски првенства.
- Австрија
Австриската репрезентација досега трипати учествуваше на првенството на најдобрите европски селекции, а најголемиот успех постигна минувајќи ја групата фаза на ЕВРО 2020.
- Полска
Фудбалерите на Полска, исто така, се надеваат на успех на ЕВРО 2024, иако се во многу тешка група. Репрезентацијата на Полска досега четирипати учествуваше на завршниот турнир на ЕП, а најголем успех ѝ е пласман во четвртфиналето на ЕВРО 2016.