Bakir Tiro
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
РИМ (АА) - Разочаран сум од елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампионите, но им честитав на играчите по натпреварот со Ливерпул. Сепак, малку сум лут на нив, бидејќи мораа да имаат повеќе доверба во себе и да дојде до пресврт по поразот во првиот натпревар, изјави тренерот на фудбалерите на Рома, Еузебио ди Франческо, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Волчицата“ синоќа славеше на „Олимпико“ во Рим со резултат 4 : 2, но поради поразот на првиот натпревар во Англија од 2 : 5 не успеа да се избори за влез во финалето на реномираниот натпревар, во кое на 26 мај во Киев силите ќе си ги измерат Ливерпул и Реал Мадрид.
„Тие мораше да веруваат повеќе во себе. Нашите играчи можеа да постигнат повеќе голови и да извршат притисок врз Ливерпул. Грешките нè чинат елиминација. Но, покажавме дека припаѓаме на елитата и дека можеме да играме рамноправно и со најдобрите. Важно е дека и следната година играме во Лигата на шампионите“, изјави Ди Франческо.
Натпреварот беше обележан и со грешките на словенечкиот судија Дамир Скомина, а многумина тврдат дека тој драстично ја оштетил Рома во синоќешниот натпревар со Ливерпул.
„Нема да кревам глас против УЕФА и судењата. Тоа е работа на клубот. Можам само да кажам дека ако беа досудени единаестерец и црвен картон 20 минути пред крајот на натпреварот, Ливерпул навистина ќе беше во голема неволја“, рече Ди Франческо.