Извлечени паровите за баражот за Светското првенство: Северна Македонија во полуфиналето игра против Данска
- Полуфиналните натпревари од баражот се закажани за 26 март 2026 година, а финалните дуели се играат на 31 март 2026.
ЛОНДОН (АА) – Извлечени се паровите за баражот на европските квалификации за Светското првенство 2026, на кој Северна Мaкедонија ѝ гостува на Данска во полуфиналето на Групата Д. Победникот од овој дуел ќе игра во финалето против подобриот од натпреварот Чешка – Ирска, јавува Анадолу.
Ждрепката се одржа во седиштето на ФИФА во Цирих, каде што беа одредени паровите меѓу 16 тима што ќе се натпреваруваат во баражот за пласман на СП 2026 во фудбал.
Полуфиналните натпревари од баражот се закажани за 26 март 2026 година, а финалните дуели се играат на 31 март 2026. Победниците од полуфиналните дуели во групите А, Б, Ц и Д ќе обезбедат пласман на Мундијалот 2026 што ќе одржи во САД, Канада и Мексико.
Меѓу натпреварите од баражот во другите групи, интересот го привлекува можноста за директен регионален дуел меѓу Косово и Турција во финалето на Групата Ц. Косово ѝ гостува на Словачка, а Турција на домашен терен ја пречекува Романија. Доколку и двете селекции победат, ќе се соочат во финалето на оваа група за пласман на Светското првенство.
Ова се групите и натпреварите во баражот за пласман на СП 2026:
ГРУПА A:
ПОЛУФИНАЛЕ:
Италија – Северна Ирска
Велс – Босна и Херцеговина
ФИНАЛЕ:
Велс – БиХ / Италија – С. Ирска
ГРУПА Б:
ПОЛУФИНАЛЕ:
Украина – Шведска
Полска – Албанија
ФИНАЛЕ:
Украина – Шведска / Полска – Албанија
ГРУПА Ц:
ПОЛУФИНАЛЕ:
Турција – Романија
Словачка – Косово
ФИНАЛЕ:
Словачка – Косово / Турција – Романија
ГРУПА Д:
ПОЛУФИНАЛЕ:
Данска – Северна Македонија
Чешка – Ирска
ФИНАЛЕ:
Чешка – Ирска / Данска – Северна Македонија
- Меѓуконтинентален бараж
Покрај натпреварите од баражот на селекциите од Европа за пласман на СП 2026, ФИФА одреди и две места од меѓуконтинентален бараж:
ГРУПА 1:
Новa Каледонија – Јамајка (победникот игра против ДР Конго)
ГРУПА 2:
Боливија – Суринам (победникот игра против Ирак).
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
