Murat Ünlü
04 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
ПАРИЗ (АА) - Во пожар во јужниот дел на Франција изгореа 460 хектари шума и евакуирани се неколку одморалишта во градот Тулон, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од канцеларијата на гувернерот на депарманот Вар се вели дека шумскиот пожар, кој избил во саботата доцна навечер, вчера се ширел низ шумите во близина на Тулон.
Исто така, се информира дека изгореле најмалку две куќи и повеќе десетици автомобили, а евакуирани се камповите во неколку одморалишта.
Вчера, во попладневните часови, голем број противпожарни екипи го ставија пожарот под контрола со помош на канадер, а тројца пожарникари се повредени и префрлени се во болница.
Обвинителство веќе започна истрага за причините за избувнувањето на пожарот.
Во јужниот дел на Франција и на Корзика, од почетокот на летото во пожари изгореа повеќе од десет илјади хектари шума.
Францускиот министер за околина, Николас Хуло, претходно изјави дека Европа би требало да воспостави нов механизам и заеднички сили за борба против шумските пожари, кои во изминатите неколку лета се навистина честа појава.