Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Штрајк со глад на 87 активисти од флотилата за помош на Газа поради притворањето од страна на Израел

- Флотилата претходно соопшти дека вторпат за три недели израелската армија, која тврди дека е „најморална армија“, ги киднапирала нивните активисти од меѓународни води
Rania R.a. Abushamala
20 Мај 2026•Ажурирај: 20 Мај 2026
Content media
ИСТАНБУЛ

Осумдесет и седум активисти на Глобалната флотила „Сумуд“ за помош на Газа, а кои се притворени од Израел, започнаа штрајк со глад во знак на протест поради нивното притворање, изразувајќи солидарност со палестинските затвореници што се наоѓаат во израелските затвори, пренесува Анадолу.

Во објава на американската компанија за социјални медиуми X, флотилата соопшти дека вторпат за три недели израелската армија, која тврди дека е „најморална армија“, ги киднапирала нивните активисти од меѓународни води.

Додаде дека „во знак на протест поради нивното нелегално киднапирање и во знак на солидарност со над 9.500 палестински заложници што се наоѓаат во израелските зандани, најмалку 87 учесници на флотилата се обврзаа на штрајк со глад додека не бидат ослободени“.

Флотилата повика на ослободување на сите притвореници што ги држат израелските власти и ги повика владите да го осудат „чинот на пиратство“.

Исто така, флотилата повика на укинување на блокадата на Појасот Газа и ослободување на сите киднапирани од флотилата, како и на сите палестински затвореници.

Глобалната флотила „Сумуд“ вчера соопшти дека сите 50 брода што пловеа кон Газа за доставување помош биле запленети од Израел.

Тие превезуваа 428 лица од 44 земји, меѓу кои и 78 турски државјани.

Израелското Министерство за надворешни работи во објава на американската компанија за социјални медиуми X соопшти дека сите активисти се пренесени на израелски бродови и се на пат кон Израел, каде што ќе може да се сретнат со своите конзуларни претставници.

Флотилата тргна во четвртокот од турскиот округ Мармарис во нов обид да се пробие нелегалната израелска блокада наметната врз Газа од 2007 година.

Ова не е прв ваков инцидент во кој е вклучена флотилата.

Кон крајот на април израелската армија нападна бродови на флотилата во меѓународни води покрај грчкиот остров Крит. Во тоа време во флотилата имаше 345 учесници од 39 земји, вклучително и турски државјани.

Израел воведе блокада врз Појасот Газа од 2007 година, оставајќи 2,4 милиони луѓе на територијата на раб на глад.

Израелската армија започна брутална двегодишна офанзива врз Газа во октомври 2023 година, при што се убиени повеќе од 72.000 Палестинци, повредени се над 172.000, а предизвикано е огромно уништување низ опколената територија.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
 Трамп: САД многу брзо ќе стават крај на војната со Иран

Трамп: САД многу брзо ќе стават крај на војната со Иран

Следно

Венецуела ќе ослободи 300 затвореници

 Венецуела ќе ослободи 300 затвореници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот и кинескиот претседател потпишаа декларација за мултиполарен свет во Пекинг

Венецуела ќе ослободи 300 затвореници

Штрајк со глад на 87 активисти од флотилата за помош на Газа поради притворањето од страна на Израел

Трамп: САД многу брзо ќе стават крај на војната со Иран

Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија

Меркел вели дека Европа е далеку од тоа да стане најсилен континент во светот

Израелската полиција им забрани влез на странски новинари што го критикуваат Израел

Погледни сè