Beyza Binnur Dönmez
02 Октомври 2024•Ажурирај: 03 Октомври 2024
ЖЕНЕВА (АА) - Шефот за човекови права на Обединетите нации (ОН), Волкер Турк, денес ги повика сите држави да реагираат за да спречат поширок конфликт на Блискиот Исток, јавува Анадолу.
„Ги молам сите држави, меѓу кои и членките на Советот за безбедност, да дејствуваат одлучно за да спречат поширок конфликт на Блискиот Исток со потенцијално разорни последици за цивилите“, рече Турк во соопштението.
„Од витално значење е тие да го употребат својот глас и влијание за да ги доведат завојуваните страни на преговарачка маса за да се стави крај на ова“, истакна Турк и додаде: „Апелираме за разум. Мирот мора да надвладее“.
Израел започна разорна воена офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и оттогаш уби над 41.600 Палестинци.
Конфликтот се прошири и во Либан, каде израелската армија пред две недели започна опсежни воздушни напади врз, како што рече позиции на Хезболах, при што се убиени над 1.000 луѓе, а десетици илјади се раселени. Во нападите беше убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Иран синоќа истрела балистички ракети кон Израел, велејќи дека тоа е одговор на атентатите врз лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, Насрала, и командантот на Иранската револуционерна гарда Абас Нилфорошан.
Ханије беше убиен во Техеран во јули, додека Насрала и Нилфорошан беа цел на израелски напад во Бејрут минатата недела.