свет

Шефовите на одбраната на САД и Израел разговараа за Иран и Газа

- Во телефонски разговор вчера Лојд Остин и Јоав Галант разменија мислења за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, информираше генерал-мајор Пат Рајдер

Diyar Güldoğan  | 19.04.2024 - Обновена : 20.04.2024
Шефовите на одбраната на САД и Израел разговараа за Иран и Газа

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и неговиот израелски колега Јоав Галант разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, соопшти портпаролот на Пентагон, известува Анадолу.

Во телефонскиот разговор вчера Остин и Галант разменија мислења за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, рече генерал-мајор Пат Рајдер во изјавата.

Остин, исто така, разговараше за „важноста од зголемување и одржување на протокот на хуманитарна помош за цивилите во Газа, вклучително и преку новата маршрута од пристаништето Ашдод во Израел“, рече Рајдер.

Телефонскиот разговор се случи откако портпаролот на израелската Влада рече дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одредил датум за инвазија на градот Рафа во Газа, каде што повеќе од 1,5 милион луѓе се засолниле од тековната израелска војна во палестинската енклава, и покрај противењето на неколку земји, вклучително и САД.

Ставот на САД беше „прилично јасен“, рече Рајдер вчера на брифингот со новинарите.

„Нашата позиција не е променета во однос на важноста да се осигури дека хуманитарната помош и цивилната безбедност се земаат предвид додека Израел ги спроведува своите операции против Хамас“, рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.