Atila Altuntaş
02 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2019
СТОКХОЛМ (АА) – Џамија во шведскиот град Малме беше мета на вооружен напад во кој на објектот е причинета материјлна штета, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведува државната телевизија SVT, на џамијата Махмуд е изведен вооружен напад во кој немало жртви.
Ана Горансо, портпаролка на шведската полиција, изјави дека во нападот се исршени стаклата на три прозорци од џамијата, додавајќи дека е покрената истрага за обид за убиство.
Керим Лоне, претставник на џамијата, рече дека жителите кои жвеат во близина на џамијата мислеле дека се работи за огномет а не за пукотници од огнено оружје.
„Приметивме дека џамовите се разбиени па повикавме полиција. Полицијата на местото на настанот пронајде неколку зрна испукани куршуми", рече Лоне.
Истакна и дека сеуште не е познат мотивот на нападот ниту напаѓачот. Џамијата Махмуд во Малме официјално е отворена во мај 2016 година.