Aşkın Kıyağan
08 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
ПРАГА (АА) - Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека ќе стави вето на секој закон одобрен од Парламентот во врска со истополовите бракови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференција во главниот град Прага, тој истакна дека Предлог-законот за ова прашање е поднесен до Парламентот.
„Би сакал да објавам дека ако навистина добијам таков закон за потпишување, ќе ставам вето“, рече Земан, додавајќи дека во земјата веќе има граѓански заедници на истополови парови.
„Семејството е заедница меѓу маж и жена. Точка“, нагласи тој.
Демохристијаните од петпартиската коалициска Влада и опозициската партија Слобода и директна демократија се силно против каква било легализација на истополовите бракови во земјата.