Aşkın Kıyağan,Mehmet Yılmaz
22 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
ПРАГА
Чешката полиција приведе пет лица под сомнение дека учествувале во терористички активности во Источна Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според канцеларијата на главниот обвинител во Прага, тие биле обвинети за борба за проруски групи.
Петтемина државјани биле членови на вооружена организација и биле поврзани со Главната управа за разузнавање на Русија (GRU), според локалните медиуми.
На 18 април, Чешка протера 18 руски дипломати за наводна поврзаност со експлозии во два магацини во 2014 година, што предизвика големи евакуации.
Едната експлозија се случила во складиште за муниција во селото Врбетице во областа Злин во Чешката Република, при што загинаа две лица, а втората експлозија во складиште во близина.
Како одговор на тој потег, Русија во неделата објави дека ќе протера 20 чешки дипломати.
Чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек, ја повика Русија да ја разгледа својата одлука, додавајќи дека во спротивно Чешката амбасада во Москва нема да може да ги продолжи своите активности.