свет

Вештачката интелигенција на агендата на европските новински агенции

- Генералното собрание на Европската организација на новински агенции (EANA), каде што членува и Anadolu Agency (AA), се одржа во Прага. - На агендата на европските новински агенции беше вештачката интелигенција

Şerife Çetin  | 20.09.2019 - Обновена : 22.09.2019
Вештачката интелигенција на агендата на европските новински агенции

ПРАГА

Генералното собрание на Европската организација на новински агенции (EANA) се одржа во Прага, главниот град на Чешка, со агенда за вештачката интелигенција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од Anadolu Agency (AA) на конференцијата учествуваат Метин Мутаноглу, главен уредник и помошник генерален директор, и еден од основачите на Европската организација на новински агенции (EANA) и уредник на европските вести, Јусуф Каја.

На конференцијата присуствуваа околу 50 уредници од 27 земји. Домаќин на конференцијата беше Чешката новинска агенција (CTK).

Учесниците на конференциите со наслови „Методи за спроведување на вештачка интелигенција на членовите на EANA“ и „Перспективи на вештачката интелигенција за иднината на новинските агенции“ разменија мислења за тоа какви закани и можности може да понуди вештачката интелигенција за новинските агенции. 


- Избрани членови на управниот одбор на EANA

На Генералното собрание се избрани два нови члена на Управниот одбор, по оставките на Клеменс Пиг, генералниот директор на Австриската новинска агенција (APA) во јануари 2019 година и Михалис Псилос, генералниот директор на Грчката новинска агенција (ANA/MPA) во јули 2019 година.

На овие позиции за 3 години назначени се Клив Маршал, генерален директор на новинската агенција „Прес асошиејшн“ (Press Association (PA)) и Армела Красниќи, генералната директорка на Албанската новинска агенција (АТА).





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.