Aşkın Kıyağan,Mehmet Yılmaz
04 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
ПРАГА (АА) - Според првичните извештаи, две лица загинаа, а најмалку 50 патници се повредени како резултат на судир на два патнички воза во близина на чешкиот град Домажлице, во близина на германската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Марија Свободова, портпаролка на единицата за спасување на областа П’лзењ, што се наоѓа во западниот дел на Чешка, во изјавата за медиумите истакна дека два патнички воза се судриле во селото Милавче, во градот Домажлице.
Свободова истакна дека според првичните извештаи, 2 лица загинале во несреќата, а најмалку 50 патници се повредени, од кои 7 потешко.
Во изјавата дадена од Чешките железници се посочува дека несреќата се случила околу 8:00 часот по локално време и дека е започната истрага за несреќата.
Во соопштението, исто така, се наведува дека железничкиот превоз во регионот е запрен и дека многу амбулантни возила и спасувачки екипи се испратени на местото на настанот.
Од друга страна, министерот за транспорт на Чешка, Карел Хавличек, истакна дека патничкиот воз од Германија не го видел сигналот за запирање и дека можеби тоа ја предизвикало несреќата.