Aysu Biçer
04 Август 2026•Ажурирано: 04 Август 2026
Гумен чамец со 160 мигранти се запали при обид да го премине Ла Манш, објавија британските медиуми, пренесува Анадолу.
Британската крајбрежна стража потврди дека чамецот се запалил додека сè уште се наоѓал во француски територијални води.
При инцидентот реагирале француските тимови за пребарување и спасување, Британската крајбрежна стража и Кралската национална институција за спасувачки чамци (RNLI), објави „Телеграф“.