Adam Abu Bashal,Alaattin Doğru
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
Интензивните врнежи од дожд и тропскиот циклон предизвикаа смрт на 31 лице во подрачјето на границата меѓу Зимбабве и Мозамбик, јавува Anadolu Agency (AA).
Интензивните врнежи од дожд и тропскиот циклон предизвикаа смрт на 31 лице во подрачјето на Чиманимани, а 60 лица се водат за исчезнати.
Министерството за информации на Зимбабве преку својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти „Потребна е трпеливост за време на спасувачките операции. Не можеме да ги спречиме човечките загуби. Циклонот во Зимбабве одзеде 31 живот.“
Циклонот сруши стотици куќи, повеќе од 200 ученици се заробени, а повредени се повеќе стотици лица.
Центарот за метеоролигија на Зимбабве соопшти дека интензивните врнежи од дожд во оваа земја ќе продолжат до вторник.