Ikrame Imane Kouachi
26 Јануари 2025•Ажурирај: 27 Јануари 2025
ГАЗА ГРАД (АА) - Палестинската група на отпорот Хамас денес го обвини Израел дека го прекршил договорот за прекин на огнот со блокирање на враќањето на раселените цивили во северниот дел на Газа, пренесува Анадолу.
„Израелската окупација го одложува спроведувањето на условите од договорот“, се вели во соопштението на Хамас.
Израел рече дека нема да дозволи враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа додека не биде ослободен израелската заробеничка Арбел Јехуд.
Хамас истакна дека ги информирал посредниците дека Јехуд е жива и дека ги обезбедил сите потребни гаранции за нејзино ослободување.
„Ние сме во контакт со посредниците за да се изнајде решение за ова прашање на начин што ќе обезбеди враќање на раселените во нивните домови што е можно поскоро“, се вели во соопштението, сметајќи го Израел „целосно одговорен“ за одложувањето на враќањето на раселените цивили.
Хамас, исто така, ја повтори посветеноста на почитување до условите од договорот за прекин на огнот „за заштита на интересите и правата на палестинскиот народ“.
Според израелската веб-страница Вала, Јехуд (29) е обучена во рамките на израелската воена вселенска програма и е класифицирана како војник.
Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот стапи на сила на 19 јануари, запирајќи ја израелската геноцидна војна во која се убиени речиси 47.300 Палестинци, главно жени и деца, а најмалку 111.400 се повредени од 7 октомври 2023 година досега.
Договорот за прекин на огнот во три фази вклучува размена на затвореници и одржлив мир, со цел траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Газа.
Како последица на израелските напади досега се исчезнати најмалку 11.000 луѓе, направено е големо уништување и создадена е хуманитарна криза.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.