Esra Taşkın
10 Ноември 2023•Ажурирај: 13 Ноември 2023
ПАРИЗ (АА) – Француски адвокат поднесе тужба против израелските поддржувачи кои на социјалните мрежи се потсмеваат на убиствата на децата во Газа, пренесува Анадолу.
Адвокатот Фабрис ди Визио, кој е специјализиран за борба против дискриминацијата, за Анадолу денес изјави дека видеото е објавено на профил на социјалната мрежа ТикТок од група израелско-француски лица со двојно државјанство кои ги поддржале воздушните напади на Израел врз Палестина.
„Нивната склоност кон фаворизирање на Израел резултираше со дискриминација на децата во Газа“, рече зДи Визио, додавајќи дека тужбата ја поднел до Канцеларијата на париското Обвинителство.
„Дали потсмевањето со децата од Газа е смешно? Зарем не е казниво?“, запраша тој.
Ди Визио истакна дека содржината на ова видео поттикнува „омраза заснована на раса“ и ги оправдува „воените злосторства и злосторствата против човештвото“.
„Да не се плашиме од зборови. Ова е бранење на воените злосторства. Она што се случува во Газа е воено злосторство, тоа го велат Обединетите нации и се загрижени поради тоа“, рече адвокатот.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа - вклучувајќи болници, резиденции и домови за богослужба - по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври.
Бројот на загинати во Газа се искачи на 11.078, од кои 4.506 се деца, а 3.027 жени, објави Министерството за здравство.
Во меѓувреме, бројот на загинати во Израел изнесува речиси 1.600, според официјалните бројки.