Alaattin Doğru
29 Јули 2023•Ажурирај: 01 Август 2023
ПАРИЗ (АА) - Цела Франција му се восхитува на муслиманското момче Езедин Хамид кое спаси 17 лица, меѓу кои има и бебе, а кои биле заробени во пожар, пренесува Анадолу.
Како што објави „Франс блу“, вчера избувнал пожар на горниот кат на двокатница во градот Ромен-сир-Изер.
Момчето Езедин Хамди, кое работи како пекар во близина на опожарената зграда, спаси 17 лица. И покрај огнот, ова храбро момче влегло со помош на скали низ прозорецот и ги спасило луѓето.
Многумина во Франција на социјалните мрежи им се восхитуваат на брзината и храбрата постапка на ова момче. Корисниците на Твитер сметаат дека на Езедин треба да му се додели медал на честа за неговото јунаштво.
Баптист Девис, еден од пожарникарите, подоцна изјави дека огнот во зградата достигнувал висина од пет до шест метри.