ПАРИЗ
- Јусуф ОЗЏАН
Франција се подготвува за најголемиот штрајк во својата историја, штрајк кој во вистинска смисла на зборот ќе им го отежни секојдневниот живот на парижаните.
По кризата до која дојде во Франција поради протестите на „Жолтите елеци“, што започнаа пред една година и оставија печат во историјата на Франција, сега голем број од вработените во индустријата се подготвуваат да започнат штрајк на неопределено време против администрацијата на претседателот Емануел Макрон како реакција на реформите во пензискиот систем.
На демонстрациите на „Жолтите елеци“, кои започнаа во знак на протест против покачувањето на цените на течните горива и лошите економски услови, започнаа да реагираат и луѓето со ниски и средни приходи поради економските проблеми со кои се соочуваат.

И покрај големите реакции, по изјавата на Макрон и власта дека нема да се откажат од одлуката за спроведување на реформите во пензискиот систем, штрајковите станаа неизбежни.
Во извештајот што го објави Националниот институт за статистика и економски студии на Франција се вели дека показателот дека Макрон, од доаѓањето на власт на 17 мај 2017 година па сѐ досега, спроведува економски политики кои им обезбедуваат поголеми приходи на богатите, што кај Французите „чувството за гнев и безредија“ кон претседателот го зголеми уште повеќе.
Тоа е причината поради која Макрон, по демонстрациите на „Жолтите елеци“, се соочува со најголемата криза во земјата.
Споменатите реформи предвидуваат укинување на поделеноста меѓу државните службеници и работниците при пензионирањето и привилегиите што им се доделени, подигнување на границата на пензионирање од 62 на 64 години, и се очекува сето тоа негативно да влијае врз голем број сектори.
- Животот во земјата ќе запре
Прилично е долга листата на оние кои ќе влезат во штрајк. Штрајк на неопределено време ќе започнат вработените во Управувачот со јавниот превоз во Париз и неговата околина (RATP), Француската национална железничка компанија (SNCF), авиокомпанијата „Ер Франс“ (Air France), полицајците, докторите, медицинските сестри, вработените во болниците, студентите, вработените во пошта, државните службеници, адвокатите, земјоделските работници, здравствените екипи и сите вработени во итната помош, такси-возачите, наставничкиот персонал, вработените во државната компанија која во земјата е задолжена за производство и дистрибуција на електрична енергија (EDF), транспортните превозници, вработените во француската автомобилска компанија „Рено“ (Renault) и вработените во рафинериите.
Во рамките на штрајкот, утре на целата територија на Франција ќе бидат затворени околу 65% од училиштата, нема да работат 11 од 16 линии на париското метро, а во останатите 5 ќе има сериозни нарушувања на возниот ред. Ќе има проблеми и во сообраќањето на патничките возови и автобуси.
Додека се откажани 90% од релациите на брзите возови, кај останатите железнички линии откажани се 97% од релациите. Покрај тоа, „Ер Франс“ откажа 30% од летовите од Париз кон останатите градови во земјата.
Не само во Париз, и во останатите градови ќе се случат големи нарушувања во јавниот превоз.
- Од 5 до 8 декември нема да се продаваат железнички билети
Штрајковите во средствата од јавниот превоз од утре ќе почнат да го покажуваат својот ефект.
Во соопштението што го објави Француската национална железничка компанија се вели дека од 5 до 8 декември нема да се продаваат билети за железничкиот сообраќај, и се препорачува продажбата на билетите по тој период да се одложи што е можно повеќе кон подоцнежни датуми.
Нарушувањата во јавниот превоз ќе резултираат со згуснат сообраќај по патиштата.
Метрото и автобусите нема да се користат, а се очекува компаниите со превозните средства како што е „Убер“ (Uber), кои работат на систем на пораки преку мобилни апликации, да ги покачат цените поради очекуваната голема побарувачка.
Се очекува штрајкот негативно да влијае и врз трговците.
Околу стотици илјади протестанти во знак на протест против реформите во пензискиот систем ќе организираат демонстрации на ниво на целата земја.
Демонстрантите утре ќе се соберат пред железничката станица „Гар де л’Ест“ (Gar de l'Est) во Париз, од каде што ќе се упатат пеш кон плоштадот „Насион“ (Nation).
Демонстраните кои ќе излезат на улица и во другите градови од земјата, очекуваат Макрон да се откаже од реформите во пензискиот систем.
Протестите и штрајковите се поддржани од голем број работнички синдикати, првенствено од страна на Генералната конфедерација на работниците, полициските синдикати и „Жолтите елеци“.
Трговците ќе ги затворат дуќаните кои се наоѓаат на маршутата по која ќе се движат демонстрантите во главниот град.
- Макрон ги откажа патувањата во странство
Од друга страна, Макрон ги откажа сите патувања во странство со цел да се фокусира кон разрешување на проблемите што ќе бидат предизвикани од штрајкот и протестите.
Французите кои традиционално својата реакција ја изразуваат со штрајк и протест, и во минатото организираа голем број штрајкови. За време на штрајкот одржан во 1995 година кој траеше три недели, животот запре во целост. Се истакнува дека штрајкот што ќе започне утре се очекува да биде уште помасовен од оној во 1995 година.