Esra Taşkın
14 Мај 2023•Ажурирај: 15 Мај 2023
ПАРИЗ (АА) - Пет лица се повредени во вооружени напади во француските градови Вилерупт и Оден-ле-Тиш, јавува Анадолу.
Вооружен маж отвори оган врз млади луѓе во паркирани автомобили во градот Вилерупт, објавија француските медиуми.
Во нападот се повредени четири лица, од кои три се во критична состојба.
Уште едно лице е повредено во вооружен напад во градот Оден-ле-Тиш, на околу три километри од Вилерупт.
Повредените во нападите се пренесени во болници, а се верува дека овие напади би можеле да бидат поврзани со трговија со дрога.