????? ??????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ООН), Бан Ки-Мун, во средата го назначи Филипо Гранди за нов шеф на УНХЦР, пренесува Anadoly Agency (АА).
Филипо Гранди кој беше на чело на Агенцијата на ООН за палестинските бегалци (UNRWA) 2010-2014, ќе го замени португалски Антонио Гутерес, кој на оваа позиција е од 1 јануари 2005 година.
Гранди, 58-годишниот дипломат, кој имал долга кариера во Агенцијата на ООН за бегалци (УНХЦР), а најмногу се истакнува неговото искуство во мисијата во Авганистан.
Исто така тој има работено за УНХЦР во Судан, Сирија, Турција и Ирак а ги водеше и хуманитарните операции во Јемен, Демократска Република Конго, Кенија, Бенин, Гана и Либерија.
За да може Гранди официјално да започна со извршување на своите службени должности, треба да добие одобрение од Генералното собрание на ООН.
Филипо Гранди на оваа позиција ќе дојде во времето на најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна.