????? ??????????-???????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за одбрана, Моше Јалон, во средата вечер најави дека Израел наскоро ќе започне со изградба на подземна бариера околу блокираниот појас Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Израелската војска ќе започне со изградба на подземна бариера, како дел од безбедносната ограда околу Појасот Газа,“ беше цитиран говорејќи преку израелското радио.
Според него, оваа бариера ќе ги обиколи палестинските енклави за да се оневозможат, како што рече, „терориститите“, од инфилтрирање во Израел, преку подземните тунели.
Минатиот месец, израелскиот министер за одбрана најави дека завршила конструкцијата на „смарт“ безбедносна ограда околу дванаесет израелски општини близу до Појасот Газа. Во текот на минатогодишната израелска офанзива врз територијата, „Ал-Касим“ бригадите, вооруженото крило на палестинското движење на отпорот, Хамас, ги користеле подземните тунели за напади врз израелските воени бази и општини близу границата.
Според израелската војска, „ал-Касим“ бригадите ги користеле тунелите во четири наврати за да дојдат на изрелска територија, каде успеале да убијат 12 израелски војници.