Betül Yılmaz
21 Април 2025•Ажурирај: 25 Април 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Речиси 600 деца се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од минатиот месец, соопшти денес Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), јавува Анадолу.
Повикувајќи се на податоците на Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ), УНРВА информираше дека повеќе од 1.600 деца се повредени откако Израел ги продолжи нападите на 18 март.
Во соопштението се вели дека хуманитарната криза во Појасот Газа сега е во најлоша состојба од октомври 2023 година.
Израелската војска ја продолжи својата смртоносна офанзива на Појасот Газа на 18 март и оттогаш уби 1.864 Палестинци, а рани 4.900, и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.
Над 51.200 Палестинци се убиени во бруталната израелска офанзива во Газа од октомври 2023 година, од кои повеќето се жени и деца.
Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.