свет

УНИЦЕФ постигна договор со „АстраЗенека“ за обезбедување вакцини против Ковид-19 за 85 земји

- Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпиша договор со „АстраЗенека“, со цел да се обезбедат 170 милиони дози вакцини против Ковид-19 за 85 земји

Betül Yürük  | 26.02.2021 - Обновена : 03.03.2021
УНИЦЕФ постигна договор со „АстраЗенека“ за обезбедување вакцини против Ковид-19 за 85 земји

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ 

Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпиша договор со „АстраЗенека“, со цел да се обезбедат 170 милиони дози вакцини против Ковид-19 за 85 земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди УНИЦЕФ.

Во соопштението се вели дека помеѓу УНИЦЕФ и „АстраЗенека“ е постигнат договор за обезбедување вакцини против Ковид-19 во име на Програмата за вакцини на Светската здравствена организација (СЗО), „Ковакс“.

Во рамки на потпишаниот договор, УНИЦЕФ од „АстраЗенека“ ќе обезбеди 170 милиони дози вакцини за 85 земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın