Selen Temizer
17 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Украина вчера изјави дека Киев очекува шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија да вклучи забрана за извоз на руска нафта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дмитро Кулеба гo даде овoj коментар по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Истакнувајќи дека не е разјаснето дали шестиот пакет санкции ќе биде одобрен во понеделник и дали ќе се однесува на прашањето за извозот на руската нафта, Кулеба рече дека Унгарија е очигледно единствената земја што покренува противење.
„Украина не планира да разговара со својот сосед Унгарија“, рече Кулеба, истакнувајќи дека ова прашање треба да се реши во структурата на ЕУ.
„Не верувам дека 6-тиот пакет може да се прифати без ембаргото за нафта. Украина е против 6-тиот пакет кој не го вклучува ембаргото за нафта“, истакна Кулеба и додаде дека видел дека ЕУ е подготвена да започне преговори за седмиот пакет санкции веднаш штом биде прифатен шестиот пакет.
Коментирајќи за седмиот пакет санкции на ЕУ, украинскиот министер за надворешни работи рече дека тој би требало да биде директно насочен кон рускиот извоз, бидејќи украинската економија претрпела повеќе од војната отколку Русија од санкциите.
Кулеба понатаму истакна дека состанокот исто така се фокусирал на пристапувањето на Украина во ЕУ и дека немало рационален аргумент кој го попречува таквиот курс на дејствување, но Киев не се обидел да се приклучи на организацијата преку ноќ.
Најмалку 3.668 луѓе се убиени, а 3.896 се ранети во Украина откако Русија ја започна војната на 24 февруари, проценуваат ОН, но се стравува дека вистинскиот биланс е многу поголем.
Над 6,2 милиони жители на Украина побегнаа во други земји, а околу 7,7 милиони внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.