свет

Украина: Од почетокот на војната загинаа најмалку 4.600 цивили, од кои 232 се деца

Украинската јавна обвинителка нагласи дека бројките не вклучуваат податоци од областите кои привремено се под руска контрола, и дека од сателитските снимки и други извори забележала дека ситуацијата таму е катастрофална

Bahtiyar Abdülkerimov  | 23.05.2022 - Обновена : 24.05.2022
Украина: Од почетокот на војната загинаа најмалку 4.600 цивили, од кои 232 се деца

КИЕВ (АА) - Најмалку 4.600 цивили ги загубиле животите во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова истакна дека најмалку 4.600 цивили, вклучително и 232 деца, се убиени во руските напади досега.

Венедиктова нагласи дека овие бројки не вклучуваат податоци од областите кои привремено се под руска контрола, и дека од сателитските снимки и други извори забележала дека ситуацијата таму е „катастрофална“ и дека голем број градови и населени места се срамнети со земја.

Таа истакна дека бројот на покренати случаи за руските воени злосторства во моментов е околу 13.000.

Венедиктова рече дека руските воени злосторства се потврдени со локални и меѓународни истраги, новинарски истраги и извештаи на организациите за човекови права.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.