Talha Yavuz
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
КИЕВ (АА) ‒ Властите во Украина ги повикаа сите пријателски и партнерски земји да ги прекинат дипломатските односи со Руската Федерација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, на Твитер објави дека Киев веќе ја прекинал дипломатската соработка со Русија и ги повика сите партнери да го направат истото.
„Со овој конкретен чекор ќе покажете дека ја поддржувате Украина и ќе ја отфрлите најочигледната агресија во Европа од Втората светска војна“, порача Кулеба.