Esra Tekin
01 Јуни 2026•Ажурирано: 01 Јуни 2026
Турција денес најостро го осуди вчерашниот упад извршен од израелски екстремистички групи во џамијата Ал-Акса под заштита на израелските безбедносни сили, како и нивните провокативни дејствија таму, вклучително и развиорувањето на израелското знаме и пеењето на националната химна, јавува Анадолу.
Министерството за надворешни работи преку соопштение предупреди дека дејствијата, кои имаат за цел да го занемарат историскиот и правниот статус на Ерусалим, особено на џамијата Ал-Акса, претставуваат јасно кршење на меѓународното право и ризикуваат дополнително продлабочување на нестабилноста во регионот.
„Соочени со овие опасни провокации и прекршувања од страна на окупаторскиот Израел врз муслиманските и христијанските свети места, го повторуваме нашиот повик до меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Израел“, се вели во соопштението.