Ergün Haktanıyan
14 Февруари 2024•Ажурирај: 15 Февруари 2024
ЕЛ-АРИШ (АА) - Турски воен авион со медицинска хуманитарна помош од Туркије за опколениот Појас Газа, вклучително и 12 стручни лекари и медицински сестри, пристигнаа денес во Ел-Ариш, Египет, во близина на Газа, јавува Анадолу.
Откако ќе се достави многу потребната хуманитарна помош до Палестинците во Газа, кои страдаат од израелските ограничувања за снабдување со неопходни потреби, група пациенти и деца од Газа на кои им е потребен третман недостапен во Појасот, придружувани од здравствени работници, ќе бидат транспортирани со авион до Анкара.
Авионот полета од командата на главната база на 12. воздушен транспорт во Кајсери, источна Туркије. Околу 7 часот наутро по локално време (5 часот по средноевропско време), авионот од типот А-400М на турското Министерство за национална одбрана, натоварено со околу 1,5 тони медицински материјали, замина за Египет.
По околу два часа лет, авионот пристигна на аеродромот во Египет каде помошта за Палестинците беше истоварена.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.
Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, додека околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена.
По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.
Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 28.473 Палестинци, воглавно деца и жени, а ранети се повеќе од 68.146 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.