свет

Туркменистан е домаќин на меѓународен форум по повод 30-годишнината од неговата трајна неутралност

- Меѓународниот форум за мир и доверба се одржува во главниот град на земјата, Ашхабад. Настанот е посветен на Меѓународната година на мирот и довербата 2025, која Генералното собрание на ОН ја прогласи по усвојувањето на резолуцијата во март 2024

Burç Eruygur  | 12.12.2025 - Обновена : 12.12.2025
Туркменистан е домаќин на меѓународен форум по повод 30-годишнината од неговата трајна неутралност

ИСТАНБУЛ

Туркменистан денес е домаќин на меѓународен форум со учество на регионални и светски лидери, по повод 30 години од прогласувањето на својата политика на трајна неутралност, јавува Анадолу.

Меѓународниот форум за мир и доверба се одржува во главниот град на земјата, Ашхабад. Настанот е посветен на Меѓународната година на мирот и довербата 2025, која Генералното собрание на ОН ја прогласи по усвојувањето на резолуцијата во март 2024 година.

Според резолуцијата, Меѓународната година на мирот и довербата има цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница за унапредување на мирот и довербата меѓу државите преку политички дијалог, заемно разбирање и соработка, со цел изградба на одржлив мир, солидарност и хармонија.

Резолуцијата го поздрави предлогот на Ашхабат да биде домаќин на форумот како „кулминациски настан“ во одбележувањето на оваа година.

Настанот се совпаѓа и со Меѓународниот ден на неутралноста, за кој Туркменистан, исто така, поднесе иницијатива до Генералното собрание на ОН, која беше усвоена без гласање во февруари 2017 година.

Меѓу клучните лидери што присуствуваат на форумот се турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, казахстанскиот претседател Касим-Џомарт Токаев и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Кина ќе биде претставена на форумот преку специјалниот пратеник на претседателот Си Ѓинпинг, Пeнг Ќингхуа.

Во 1995 година Туркменистан стана прва и единствена држава во светот што прогласи политика на постојана неутралност, по усвојувањето на резолуција во Генералното собрание на ООН.

Во таа резолуција беше изразена надеж дека статусот на постојана неутралност на Туркменистан ќе придонесе за зајакнување на мирот и безбедноста во регионот, а земјите членки на ОН беа повикани да го почитуваат и поддржат овој статус.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın