Diyar Güldoğan
27 Септември 2022•Ажурирај: 28 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Уште девет бродови ги напуштија украинските пристаништа според договорот за извоз на украинско жито склучен во Истанбул, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството, кое не ја откри точката на тргнување на бродовите, се вели дека испораките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и Обединетите нации (ОН) со цел надгледување на испораките.
Од испловувањето на првиот брод во рамките на договорот на 1 август, досега преку коридорот за жито над 215 бродови имаат пренесено преку 5 милиони тони земјоделски производи.