Sefa Şahin
02 Август 2022•Ажурирај: 04 Август 2022
АНКАРА (АА) – Туркије (Турција) од 2011 година депортираше 9.000 странски терористички борци од 102 различни националности, од кои 1.168 се државјани на земји членки на Европската Унија (ЕУ) и на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Одделот за управување со миграции при Министерството за внатрешни работи на Туркије се наведува дека продолжуваат со напорите за депортирање на странски терористички борци кои дошле во Туркије за да им се приклучат на терористичките организации како што се ПКК/ПЈД и ДЕАШ.
Се истакнува дека 9.000 странски терористички борци од 102 различни националности се депортирани од Граѓанската војна во Сирија која започна во 2011 година.
Најголем број од депортираните странски терористички борци биле државјани на земјите членки на Европската Унија.
Наведено е дека од депортираните странски борци 59 се од САД, а 1.109 од земјите членки на ЕУ.
Во соопштението се истакнува дека во 2019 година депортирани се 126 странски терористички борци од вкупно 12 земји на Европската Унија, во 2020 година 95 странски терористички борци од 8 земји на Европската Унија, додека во 2021 година 69 странски борци од 8 земји на ЕУ.
Се додава дека во првите седум месеци од оваа година депортирани се 20 странски терористички борци, државјани на 6 земји на Европската Унија.
„Првите осум (земји членки на ЕУ) каде се депортираат терористички борци од почетокот на 2019 година се Франција, Германија, Холандија, Белгија, Финска, Романија, Шведска, Австрија“, се додава во соопштението.