Mehmet Nuri Uçar,Qais Omar Darwesh Omar
17 Јуни 2022•Ажурирај: 19 Јуни 2022
РАМАЛА (АА) - Тројца Палестинци загинаа, а осуммина се повредени во рација на израелските сили во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Министерството за здравство на Палестина се нагласува: „Тројца Палестинци загинаа, а осуммина се повредени од куршумите на израелските војници во градот Џенин.“
Според веста на палестинската државна телевизија, утврдено е дека загинатите Палестинци се Бера Лехлух, Лејс Ебу Сурур и Јусуф Салах.
Очевидци истакнаа дека израелските војници упаднале во градот Џенин и отвориле оган врз возило во кое имало четворица Палестинци.
По инцидентот избија судири меѓу израелски војници и десетици Палестинци. Израелските војници интервенираа користејќи вистински куршуми и солзавец.
Израелските официјални власти сѐ уште не издадоа соопштение во врска со настаните.