Три лица загинаа, а две се повредени во украинскиот напад врз регионот Херсон, што е под контрола на Русија
- Украинските сили нападнаа болница во Алјошки, во делот од областа Херсон, што е под контрола на Русија, при што се убиени три медицински лица, а уште двајца беа повредени
МОСКВА (АА) - Украинските сили нападнаа болница во Алјошки, во делот од областа Херсон, што е под контрола на Русија, при што се убиени три медицински лица, а уште двајца беа повредени, јавува Анадолу.
„Криминалниот режим на Киев ја гранатираше регионалната болница Алјошкин. Три лица загинаа. Две лица беа повредени, меѓу кои и една жена. Сите загинати и повредени се вработени во медицинска установа. Една од зградите е тешко оштетена“, напиша на платформата Телеграм Владимир Салдо, раководител на регионот назначен од Русија.
Тој додаде дека екипите за итни случаи се на местото на настанот, а повредените добиваат медицинска помош, а еден маж е во тешка состојба на интензивна нега.
„Ова гранатирање е уште едно гнасно воено злосторство, за кое се способни само никаквеци кои целосно го изгубиле својот човечки изглед“, рече Салдо.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
