Berk Kutay Gökmen
15 Април 2026•Ажурирај: 15 Април 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Пекинг се согласил да не му испорачува оружје на Иран, ветувајќи дека трајно ќе го отвори Ормускиот Теснец, пренесува Анадолу.
„Кина е многу среќна што јас трајно го отворам Ормускиот Теснец. Тоа го правам и за нив и за светот. Оваа ситуација никогаш повеќе нема да се повтори“, напиша Трамп на својата платформа „Трут сошал“.
Трамп истакна дека Кина се „согласила да не испраќа оружје во Иран“, додавајќи „претседателот Си Ѓинпинг силно ќе ме прегрне која ќе пристигнам таму за неколку недели“.
Неговите изјави доаѓаат во време кога Трамп се подготвува за посета на Пекинг на 14 и 15 мај на средба со претседателот Си Ѓинпинг, што ќе биде прва посета на американскиот претседател на Кина во неговиот втор мандат.
„Работиме заедно паметно и многу добро! Зар тоа не е подобро од борба? Но запомнете, ние сме многу добри во борба, ако мораме - далеку подобри од кој било друг“, рече тој.
Откако преговорите меѓу САД и Иран во Исламабад, чија цел беше ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток се во ќор-сокак, американскиот претседател Доналд Трамп најави поморска блокада на Ормускиот Теснец, која стапи на сила во понеделникот во 14:00 часот по Гринич.