свет

Трамп потврди дека направил магнетна резонанција, но не откри зошто

– Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека неодамна направил магнетна резонанција (МРИ), но не откри зошто лекарите ја побарале оваа процедура

Michael Gabriel Hernandez  | 28.10.2025 - Обновена : 28.10.2025
Трамп потврди дека направил магнетна резонанција, но не откри зошто

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека неодамна направил магнетна резонанција (МРИ), но не откри зошто лекарите ја побарале оваа процедура, јавува Анадолу.

„Да, направив магнетна резонанција. Сè беше одлично“, изјави Трамп (79) за новинарите, а на прашањето на новинарите зошто е направен ваков вид преглед, тој одговори дека „слободно може да ги прашаат докторите“.

„Докторите рекоа дека за моите години, тоа се едни од најдобрите резултати што некогаш ги виделе“, додаде тој.

Трамп и претходно имаше посета на болница, при што беа поттикнати шпекулации за неговото здравје, откако новинарите забележале модринки на задниот дел од раката на Трамп, кои претседателот повеќепати се обидел да ги прикрие со шминка.

Новинарите, исто така, забележале и оток на неговите нозе, што лекарите го припишале на хронична венска инсуфициенција — состојба при која венските залистоци во нозете не можат доволно ефикасно да ја враќаат крвта кон срцето.

Белата куќа сè уште не соопшти зошто претседателот оваа година имал втора посета на бол​​​​​​​ница, што е невообичаено, бидејќи претседателите обично прават само еден физички преглед годишно. Трамп, сепак, е еден од највозрасните што ја извршувале оваа функција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.