свет

Трамп најави воздушни напади на САД врз цели на ДЕАШ во Северозападна Нигерија

Вечерва, по моја наредба како врховен командант, САД извршија моќен и смртоносен удар врз терористичкиот отпад на ИСИС во Северозападна Нигерија, кои целат и брутално убиваат, пред сè, невини христијани, напиша Трамп на својата платформа Truth Social

Esra Tekin  | 26.12.2025 - Обновена : 26.12.2025
Трамп најави воздушни напади на САД врз цели на ДЕАШ во Северозападна Нигерија

ИСТАНБУЛ (AA) – САД извршија „моќни и смртоносни“ воздушни напади врз цели на терористичката организација ДЕАШ во Северозападна Нигерија, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.

„Вечерва, по моја наредба како врховен командант, САД извршија моќен и смртоносен удар врз терористичкиот отпад на ИСИС во Северозападна Нигерија, кои целат и брутално убиваат, пред сè, невини христијани, на нивоа невидени со години, па дури и со векови“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

„Претходно ги предупредив овие терористи дека доколку не престанат со колењето на христијаните, ќе има пекол за плаќање – и вечерва имаше“, додаде тој.

Трамп наведе дека „Одделот за војна изврши многубројни совршени удари, како што само САД се способни да направат“.

„Бог да ја благослови нашата армија и среќен Божиќ за сите, вклучително и за мртвите терористи, од кои ќе има уште многу ако продолжи нивното колење на христијаните“, напиша американскиот претседател.

Американската Африканска команда (AFRICOM) соопшти преку платформата X дека нападите биле извршени „на барање на нигериските власти“ во сојузната држава Сокото и дека во нив биле убиени „повеќе терористи на ДЕАШ“.

„Смртоносните напади врз ДЕАШ ги демонстрираат силата на нашата армија и нашата посветеност на елиминирање на терористичките закани кон Американците дома и во странство“, се додава во соопштението.

И американскиот министер за одбрана Пит Хегсет се огласи по нападите со објава на X.

„Претседателот беше јасен минатиот месец: убиствата на невини христијани во Нигерија (и на други места) мора да престанат. @DeptofWar е секогаш подготвен, па ДЕАШ тоа го дозна вечерва – на Божиќ. Продолжението следува… Благодарни сме за поддршката и соработката од нигериската Влада. Среќен Божиќ!“, напиша Хегсет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.