Berk Kutay Gökmen
03 Јуни 2026•Ажурирано: 03 Јуни 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е вклучен во преговорите за постигнување договор за прекин на војната и дека двајцата „се чини дека прилично добро се разбираат“, јавува Анадолу.
„Тој е вклучен, апсолутно. Да, мислам дека имаат многу почит кон него“, рече Трамп за Хамнеи, додавајќи дека би сакал да се сретне со него „во одреден момент“.
„Најверојатно ќе се сретнеме во одреден момент, во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите“, рече тој во интервју за „Под форс уан“.
Американскиот претседател изјави дека Иран веќе се согласил да нема нуклеарно оружје, тврдејќи дека тоа преставува голема работа.
„Не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје, тие веќе се согласија дека нема да имаат нуклеарно оружје, и тие можат да го променат своето мислење, но тоа беше една од работите за кои мораа да се согласат и тоа е голема работа“, рече тој.
САД и Израел соопштија дека иранската нуклеарна програма и „елиминирањето на непосредните закани од иранскиот режим“ биле клучните причини за започнување на војната на 28 февруари.
Конфликтот во моментов е во прекин, а напорите за негово завршување продолжуваат под посредство на Пакистан.
„Трамп истакна дека преговорите со Иран ’напредуваат со брзо темпо и тоа во позитивна насока‘, додавајќи дека очекува многу брзо ’да се случат навистина големи работи‘.“