Mustafa Melih Ahıshalı
12 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Утре ќе има прекин на наставата во основните училишта во иранскиот главен град Техеран, затоа што загадувањето на воздухот во овој град е на високо ниво, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Согласно одлуката донесена од страна на Комисијата за борба против загадувањето на воздухот во Техеран, утре ќе има прекин на наставата во основните училишта во центарот на Техеран, како и во подрачјата на Верамин, Пишва, Пакдешт и Шехриреј", истакна Мухсини Бендпеј, гувернер на Техеран, во изјава за Новинската агенција на ирански студенти (ИСНА).
Бендпеј нагласи дека загадувањето на воздухот на 10 места во Техеран надмина 150 микрограми по метар кубен.
Инаку, меѓу факторите кои го зголемуваат загадувањето на ваздухот во Техеран, се издувните гасови од стари возила и милиони мотоцикли во градот, густина на населението, како и физичката структура на градот која не е соодветна за циркулацијата на воздухот.
Техеран се наоѓа во првите 12 места во светот од аспект на загадувањето на воздухот.