Cüneyt Karadağ
07 Ноември 2022•Ажурирај: 08 Ноември 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа оствари телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Кабинетот на канцеларот на Германија.
Во соопштението се вели дека Шолц и Бајден размениле мислења за посетата на Шолц на Кина и за состојбата во Украина.
Според соопштението, Шолц го информрал Бајден за неговата посета во Пекинг, а двајцата лидери го поздравиле јасниот став на кинескиот претседател Си Ѓинпинг против употребата на нуклеарно оружје.
Се наведува дека Бајден и Шолц го осудиле тоа што Русија продолжува да ја бомбардира цивилната инфраструктура во Украина.
Двајцата лидери ја повториле нивната посветеност за продолжување на поддршката за Украина.