Тајланд тврди дека Камбоџа го „прекршила“ договорот за прекин на огнот
- Во моментов нема реакција од Камбоџа во однос на инцидентот
ИСТАНБУЛ (АА) - Тајландската војска денес изјави дека Камбоџа истрелала граната кон областа План Хин Пает Кон, во подрачјето Сисакет, во близина на тајландски патролен пункт, со што е „прекршено“ договорот за прекин на огнот меѓу двете страни, пренесува Анадолу.
„Тајланд возврати во согласност со правилата на должност. Не е повреден ниеден припадник на тајландските сили“, се наведува во соопштението на војската објавено на американската платформа за социјални медиуми, Фејсбук.
Портпаролот на тајландската војска, генерал-мајор Винтаи Сувари, изјави дека утрото нејзините припадници извршувале рутинска патрола кога се случил инцидентот. Тајландската страна возвратила во насоката од која била испукана, додаде тој.
Винтаи, исто така, додаде дека со дејствувањето Камбоџа го „прекршува” билатералниот договор за прекин на огнот.
Во моментов нема реакција од Камбоџа во однос на инцидентот.
Договорот за прекин на огнот меѓу двете земји беше воспоставен на 27 декември, по 20 дена погранични судири во кои загинаа најмалку 99 лица, меѓу кои и цивили.
