Столтенберг: Победата на Украина над Русија е во интерес и на НАТО
„Затоа, важно е нашата солидарност со Украина да не се покажува само со зборови, туку и со дела“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Кулеба

АНКАРА (АА) - Во интерес и на Украина и на НАТО е Киев да победи во војната со Русија, изјави денес генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, јавува Анадолу.
„Затоа, важно е нашата солидарност со Украина да не се покажува само со зборови, туку и со дела“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Брисел.
На конференцијата, одржана пред состанокот на Советот НАТО - Украина, и на маргините на разговорите меѓу министрите за надворешни работи на земјите сојузници на НАТО, Столтенберг изрази благодарност до земјите членки за нивната поддршка на Киев.
Тој, исто така, истакна дека состанокот на Советот ќе се фокусира на поголема помош за Украина.
„Бидејќи во интерес на Украина, но и во наш сопствен безбедносен интерес е Украина да ја однесе победата... како суверена независна држава во Европа“, додаде Столтенберг.
- Украина станува „де факто“ членка на НАТО -
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, од своја страна, рече дека Украина моментално ја има „најсилната и најтврдокорната војска во Европа“.
„Ја зголемуваме нашата интероперабилност со НАТО. Ние стануваме де факто армија на НАТО во однос на нашиот пристап во управувањето со техничките капацитети и принципите за водење на армијата“, додаде Кулеба.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.