свет

Соништата на малиот Маџд, како и неговото тело, изгореа од неексплодирана муниција оставена од Израел

- Иако израелските напади практично престанаа со спроведувањето на договорот за прекин на огнот, остатоците од војната што ги остави израелската Армија продолжуваат да ги зацрнуваат животите на Палестинците.

Gülşen Topçu, Doaa Albaz  | 28.10.2025 - Обновена : 28.10.2025
Соништата на малиот Маџд, како и неговото тело, изгореа од неексплодирана муниција оставена од Израел

ГАЗА (АА) - Поголемиот дел од телото на единаесетгодишниот Маџд Абу Хабиб, кој живее со своето семејство во шатор во градот Хан Јунис во јужна Газа, изгоре во експлозија на оставена израелска муниција додека се враќал од училиште, известува Анадолу.

Трагедијата и траумата што ја претрпеа Палестинците во Газа поради двегодишната офанзива на Израел нема крај. Иако нападите практично престанаа со спроведувањето на договорот за прекин на огнот, остатоците од војната што ги остави израелската Армија продолжуваат да ги зацрнуваат животите на Палестинците.

И покрај сите тешкотии што ги измачуваат од прекинот на непријателствата, Палестинците се обидуваат да ги вратат своите животи на вистинскиот пат, но тие постојано се нарушуваат од нови трауми.


- Тој беше шокиран од она што го доживеа

Маџд, кој живееше во шатор во Хан Јунис, беше едно од децата што ја доживеаја оваа траума. Откако нападите престанаа, Маџд по две години го продолжи своето школување, иако со ограничени ресурси. По враќањето од училиштето, кое беше ограничено на шатор, тој ја доживеа најголемата болка и шок во својот живот.

Кога едно експлозивно тело оставено од Израел експлодираше, Маџд претрпе длабоки изгореници од втор и трет степен што покриваат 30 % од неговото тело.

Маџд, кој во моментов е на лекување во Одделот за изгореници во болницата „Насер“ во Хан Јунис, молчи поради траумата што ја доживеа.

Поради невропсихолошки механизам, Маџд ја чувствува болката, но молчи, онака вкочанет, и само гледа наоколу.


- На патот кон училиште стана жртва на остатоците од војната

Фатима Абу Хаџар, неговата мајка, која направи сè што е во нејзина моќ за нејзиниот син, успешен ученик, да го продолжи своето образование, низ солзи ја изрази тагата поради она што му се случило.

Истакнувајќи дека нејзиниот син првично бил примен на интензивна нега и бил опериран два дена подоцна, таа изјави:

„30 % од неговото тело се изгорени, а изгорениците се многу длабоки. Изгорениците на неговото лице се помалку сериозни од оние на неговото тело“.

Наведувајќи дека на нејзиниот син му се потребни протеини за да заздрави, но дека во Газа нема доволно протеини, мајката Фатима рече:

„Велат дека границите се отворени и дека помошта пристигнува, но оваа помош не е доволна ниту за 1 % од потребите на луѓето во Газа“.

Ожалостената мајка додаде дека посакува нејзиниот син, кој бил сакан од сите и бил многу успешен, да оди во странство на лекување.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.