Ekipa
12 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АНКАРA (AA) - Коалициските сили под водство на Соединетите Американски Држави (САД) извршија воздушен напад во местото Кешме, во источното рурално подрачје на Деир ез-зор, во источниот дел на Сирија, при што смртно настрадаа 15 цивили од исто семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжуваат цивилните загуби во нападите на коалицијата под водство на САД за борба против ДЕАШ во местата и селата околу подрачјето на Хеџин, во источното рурално подрачје на Деир ез-зор, кое е под окупација на ДЕАШ.
Според информациите добиени од локалните извори во Деир ез-зор, воените авиони на коалициските сили синоќа извршиле воздушен напад врз цивилните населени места во подрачјето на Кешме, во источниот дел на Хеџин, кое е под контрола на терористите на ДЕАШ.
Во нападот загинаа 15 цивили од исто семејство.
Изворите велат дека во тек се судирите меѓу терористите на ДЕАШ и на ЈПГ/ПКК, која влезе во населбата Хавама, центарот на Хеџин.
Во рамки на судирите во ова подрачје кои започнаа во саботата, терористите на ЈПГ/ПКК ја презедоа контролата и на пазарот кој се наоѓа близу болницата во Хеџин.
Коалициските сили им даваат копнена и воздушна поддршка на ЈПГ/ПКК, со цел ДЕАШ да биде отстранет од ова подрачје.
- Последната состојба во Деир ез-Зор -
Терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на САД продолжува со окупирање на местата во источното и западното рурално подрачје на Деир ез-Зор, источно од реката Еуфрат.
ЈПГ/ПКК, кој добива воздушна поддршка од САД, а копнена поддршка од Франција, од 11 септември има за цел целосно да го отстрани ДЕАШ од Деир ез-Зор.
Во западниот дел на Деир ез-Зор се наоѓаа силите на Асадовиот режим.
Околу 28 отсто од територијата на Сирија е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а ДЕАШ е присутна во 3 отсто од територијата.