свет

Сирија: Во најновите напади на Асадовиот режим во Идлиб загинаа 9 цивили

Во нападите извршени од страна на воените авиони на Асадовиот режим според првичните сознанија, животот го загубиле девет цивили, меѓу кои најмалку 3 деца, додека 12 цивили биле повредени

Burak Karacaoğlu  | 10.07.2019 - Обновена : 10.07.2019
Сирија: Во најновите напади на Асадовиот режим во Идлиб загинаа 9 цивили

ИДЛИБ (АА) - Воените авиони на Асадовиот режим во Сирија извршија напади врз цивилните населени места во границите на деескалационата зона во Идлиб, при што животот го загубија 9 цивили, меѓу кои најмалку 3 деца, додека 12 цивили се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).

Силите на режимот, кои ги сочинуваат војската на Асадовиот режим и странски терористи поддржани од Иран, изутрина извршија воздушни и копнени напади врз подрачјата на Џиср еш Шугур, Серакиб, Ериха, како и врз селата Баболин, Руб ел Џуз, Бсида и Мердих, кои се наоѓаат во границите на деескалационата зона во Идлиб.

Според информациите добиени од Цивилната одбрана, во нападите извршени од страна на воените авиони на Асадовиот режим според првичните сознанија, животот го загубиле девет цивили, меѓу кои најмалку 3 деца, додека 12 цивили биле повредени.

Тимовите на Цивилната одбрана продолжуваат со операциите за пребарување и спасување под урнатините, а постои загриженост од зголемување на бројот на жртви и повредени поради продолжувањето на нападите.

Од друга страна, силите на режимот извршија воздушен напад врз болница во подрачјето на Џиср еш Шугур во западниот дел на Идлиб, и врз училиште во подрачјето на Ериха.

Сè уште нема информации дали има жртви или повредени во овие два напада.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.