свет

Сириските опозиционери ги одредија членовите на Уставниот комитет

Претседателот на Високиот комитет за преговори (MYK), Насир ал Харири, истакна дека одржан е состанок со 50 члена на опозицијата од Уставниот комитет, кој брои вкупно 150 члена

Ekipa  | 14.10.2019 - Обновена : 14.10.2019
Сириските опозиционери ги одредија членовите на Уставниот комитет

ИСТАНБУЛ (АА) – Високиот комитет за преговори (MYK) во Сирија, кој го сочинува опозицијата, ги одреди претседателот и 15-те члена на Комитетот за пишување на Уставот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Преку соопштение, претседателот на Високиот комитет за преговори (MYK), Насир ал Харири, истакна дека одржан е состанок со 50 члена на опозицијата од Уставниот комитет, кој брои вкупно 150 члена.

На состанокот за копретседател на Комитетот за составување на Уставот е избран Хади ал Бахра.

Во Комитетот, кој се состои од 45 члена, 15 места се доделени на Високиот комитет за преговори (MYK). Тие се избрани на состанокот на којшто присуствувал и Хади ал Бахра.

За време на состанокот, претседателот на Високиот комитет Ал Харири, информирал за уставните преговори со претставниците на режимот на Асад.

Харири на состанокот со Бахра и членовите на Комитетот за составување на Уставот, ја упатил следната порака: „Да се работи со тимски дух и со целосна одговорност кон татковината и очекувањата на народот.“

На списокот на Комитетот за составување на Уставот испратен до Обединетите нации (ОН) се наоѓаат следните имиња:

„Претседателот Хади ал Бахра, Џемал Сулејман, Сафван Акаш, Касим ал Хатиб, Мухамед Дилејкан, Тарик ал Курди, Бесме Кадмани, Дима Муса, Мухамед Нури Ахмед, Хејсем Рахме, Камиран Хаџу, Авад ал Али, Ахмед ал Асрави, Хасан ал Харири и Јусуф Кадура.“

Како резултат на седумгодишните напори за политичко решавање на сириската криза, минатиот месец беше формиран Уставниот комитет.

Педесет луѓе, вклучително и претставници на режимот, опозицијата и граѓанското општество, имаа задача да го напишат новиот Устав на земјата.

Комитетот својот прв состанок треба да го одржи на 30 октомври во Женева.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın