Muhammed Karabacak, Mehmet Burak Karacaoğlu
16 Април 2026•Ажурирај: 16 Април 2026
Сириската армија ја презеде контролата врз воздухопловната база Касрак во Североисточна Сирија откако американските сили се повлекоа од објектот, се наведува во официјалното соопштение, јавува Анадолу.
Сириското Министерство за одбрана, во соопштението објавено од државната новинска агенција САНА, потврди дека неговите сили воспоставиле контрола врз базата во руралниот дел на Хасека, по заминувањето на трупите на коалицијата предводена од САД.
Локални извори наведуваат дека откако американските сили ја напуштиле базата, елементи поврзани со терористичката организација ЈПГ/СДФ запалиле дел од возилата во внатрешноста на објектот.
Подоцна базата премина под целосна контрола на сириската армија.
Американските сили и понатаму се присутни во Камишли и Хасека преку безбедносни канцеларии, како и во базата Истирахат ал-Вазир.