Ömer Faruk Yıldız
14 Март 2022•Ажурирај: 16 Март 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) објави дека деноноќно работи на снабдување со опрема и за одржување на здравствениот систем во Украина, каде што продолжуваат руските напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на СЗО се вели дека 18 милиони луѓе биле погодени од конфликтот во Украина, а околу три милиони ја напуштиле земјата.
„Синџирот на снабдување во земјата е значително нарушен. До залихите на производи е невозможно да се дојде поради конфликтот, медицинските резерви се исцрпени, а болниците се борат да обезбедат лекување на повредените“, соопшти СЗО.
Нагласено е дека СЗО работи деноноќно од 24 февруари, кога започна рускиот напад, со цел да го одржи здравствениот систем во Украина, да продолжи со снабдување со медицински материјали и да ги задоволи здравствените потреби на бегалците во соседните земји.
СЗО испорача значителни количини материјали за медицинска нега во Лавов, Киев, Харков и други градови. Во Полска е формиран центар за следење на појавата на болести што би можеле да настанат поради конфликтот во Украина.
Соопштено е дека од 24 февруари до 11 март биле извршени 31 напад врз здравствените установи во Украина.
„СЗО ги осудува нападите врз здравствените служби. Овие напади ги оставаат луѓето без услуги за спасување на животот“, се вели во соопштението.